2win800x200

Се интензивира соработката меѓу УКЛО и ЕСМ

Декември 27, 2019

Поголема соработка меѓу битолскиот универзитет и ,,Електрани на Северна Македонија” договорија денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и ректорот на универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, Сашо Коруновски, на средбата која се одржа во Ректоратот. 

АД ЕСМ и РЕК Битола во голема мера користат стручни мислења од професорите на Универзитетот и тековната соработка е оценета како одлична, додека за нејзино понатамошно продлабочување договорено е следниот месец да се потпише меморандум, со кој уште повеќе ќе се отвори полето за соработка. 

АД ЕСМ, исто така, доделува и стипендии за студентите на Техничкиот факултет при битолскиот универзитет.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани