2win800x200

Гулевска - Водици одбележан во 15 населени места во Општина Могила

Јануари 19, 2020

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, денеска , во Општина Могила во 15 населени места се фрлаше светиот крст.

-Во сите 15 населени места во општината, среќниците кои го извадија светиот крст од водите беа наградени со ваучери во вредност од 5.000 денари.

Во Могила среќниот фаќач на крстот Андреј Груевски беше награден со 5.000 денари ваучер и телевизор од општината, како и 3.000 денари ваучер од ЈКП „Пела Хигиена”, вели градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.

jas 4

jas 1

Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос воводите на реката Јордан.

Празникот кај народот е познат и како Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден, во реките се фрлаат крстови, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Со Водици завршуваат некрстените денови.

jas 5

jas 3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани