Крушево подготвено за уште еден роденден на Тоше Проески

Јануари 20, 2020

Крушево се подготвува за одбележување на уште еден роденден на Тоше Проески со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“ на 25 јануари со почеток во 12 часот.

Во рамки на овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и настап на Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска. Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“ Елена Мирчевска кои и со полагање на цвеќе ќе оддадат почит за пејачот и граѓанин на Крушево.

И овој 25 јануари 2020 година ќе биде во знакот на реченицата: „Тоше има само ден на раѓање“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани