Општина Могила е повторно дел од програмата “Европа за граѓаните “ преку проектот “Европските градови за зајакнување на културниот дијалог и борба против дискриминацијата кон мигрантите и малцинствата“. Проектот ќе биде реализиран во периодот од 22-ри до 24-ти Јануари во Ријека, Република Хрватска, како европски главен град на културата за 2020 година.
На овој настан 15 земји заеднички ќе го започнат основањето на оваа мрежа за соработка. Општина Могила како дел од проектот со свој претставник ќе учествува на овој настан.
Intercultural-Dialogue_Event_Rijeka_Press-release