2win800x200

Февруарскиот снег ги отвора ски центрите на Пелистер

Февруари 05, 2020
 
 Двата ски центри во Нижеполе и на Копанки на своите фб страници  најавија почеток на ски сезоната по февруарскиот снег што наврна денеска.
 
Годинава љубителите на скијањето немаа можност да скијат на Пелистер поради тоа што досега немаше доволно снежна покривка за да бидат ставени во функција ски лифтот и жичарата. 
 
Но, по обилните врнежи во текот на денешниот ден, двата ски центри веќе ги подготвуваат терените
 
"После снегот кој во утринските часови и во текот на денот иако задоцнето ни пристигна, ние подготвени го дочекавме. Со сите расположливи сили,  нашата механизација, новиот ратрак се на терен и ја подготвуваат патеката за скијање , патот и сите паркинзи се веќе чисти", напишаа од ски центарот  Нижеполе и најавија дека дополнително ќе известат за почетокот на скијањето.
 
Од ски центарот Копанки пак веќе најавија дека утре почнува ски сезоната кај нив со бесплатно скијање првиот ден.
 
"Ве информираме дека утре, со промотивен ден, официјално започнува ски - сезоната во Ски - центарот „Копанки“. Скијањето во текот на утрешниот ден е бесплатно за сите посетители, а Центарот ќе работи од 09 до 15 часот", пишува на ФБ страната на ски центар Копанки
Е.М
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани