АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Могила потпиша договор со Општина Малик од Република Албанија за прекугранична соработка за реализација на проектот: Превенција од поплави за заштита на животната средина.
Активностите во проектот се развиени со цел да се задоволат сите потреби и ограничувања на целните групи, првично, процесот на подобрување на јавната инфраструктура ќе одговори на потребата на локалните власти да ги спроведат своите одговорности за изградба и одржување на секундарни и терцијарни мрежи за наводнување и дренажа. Во исто време преку развивање на дигиталната платформа, локалните власти и сите релевантни заинтересирани страни ќе го подобрат системот за рано предупредување, што ќе овозможи навремена заштита од поплави или други природни непогоди, информира градоначалничката Јасмина Гулевска.
Системите за заштита на земјоделското земјиште и егзистенција ќе бидат поддржани со развој на заеднички мерки за управување со ризик кои имаат влијание врз сите жители во областа, каде што сите целни групи ќе бидат вклучени во развојот на заедничките мерки за управување со ризик.
Со зголемувањето на свеста кај агропроизводителите за управување со поплавите, ќе имаме влијание врз вкупното население во таргетираните области и особено на 12000 агропроизводители директно ќе се достигнат преку активности за подигање на свеста кои даваат специфично знаење на населението и земјоделските производители за вклучување во спроведувањето на мерките за заштита и превенција.