АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Според добиените податоци за 2017 година за бездомни животни на територија на општина Битола бројот е околу 400 кучиња скитници и непознат број на мачки и неколку напади од куче кон граѓани на Битола.
Независната иницијатива „Поинаку“ изготви проект за изградба и одржување на прифатилиште за бездомни животни како подарок за Општина Битола. На Општината останува само да го одобри проектот.
„Со овој проект директно се вклучуваме во решавањето на овој проблем и подобрување на сликата за Битола и безбедоста на граѓаните.Временскиот период за овој проект е неограничен, бидејќи е факт дека општина Битола нема прифатилиште за бездомни животни и со самото игнорирање на овој проблем, бројката на скитници станува се поголема, а исто така и опасноста на жителите на Битола“, велат од „Поинаку“.
Оваа сабота на Плоштад Магнолија проектот ќе биде презентиран пред граѓаните.