АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Независната иницијатива „Поинаку“ на плоштадот Магнолија го презентираше проектот за згрижување на бездомните животни во прифатилиште. Презентацијата беше направена на отворено пред граѓаните со цел да се поттикне поголем интерес и поголема свест кај битолчани за решавање на овој проблем.
Од „Поинаку“ предлагаат прифатилиштето да се изгради во близина на средното Земјоделско училиште и Ветеринарниот факултет, па така да беде искористено и за едукативни цели.
-Проектот може да се искористи како воспитно-образовна дејност, бидејќи таму имаме и Земјоделско училиште и Ветеринарен факултет , па проектот може да се смести во близина на Земјоделското училиште и така може да биде искористено за едукативни цели. Ние се нудиме со волонтерска помош и ќе учествуваме активно во спроведувањето на прокетот-, рече Габриела Илиевска од „Поинаку“.
Од „Поинаку“ истакнаа дека во овој момент постои голем проблем со бездомните животни како на локално така и на централно ниво. Се проценува дека само во Битола ги има околу 400, а она што се нарекува прифатилиште или шинтерска служба во градот не функционира соодветно.
-Ние се нудиме како здружение со направен прокет кој ќе и го понудиме на Општината и сметаме дека треба да биде прифатен, спремни сме на промени во прокетот, но бараме да биде ставен во развојните програми кои сега ќе се носат во Општина Битола-, вели Илиевска
Според Кети Милоевиќ од „Поинаку“ прифатилиштето ќе обезбеди привремен дом и ветеринарна грижа на бездомните животни.
-Прифатилиштето ќе биде надлежно да врши собрирање на кучиња и мачки скитници, односно нерегистрирани бездомници доколку се затекнат без присуство на сопственик на одредена локација каде се врши заловување и привремено ќе бидат сместени во соодвети објекти- вели Милоевиќ од „Поинаку“.