АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Епидемиологот д-р Тони Коњановски од Центарот за јавно здравје во Битола, на својот ФБ профил објави информативен статус за последиците и ефектите од нападот на коронавирусот, кој ви го пренесуваме интегрално
Последиците и ефектите од Нападот на вирусот најчесто ќе се почувствуваат помеѓу петиот и четиринаестиот ден од периодот на инкубацијата. Се започнува некарактеристично како настинка, прелада или грипозна состојба вообичаена за многу вирусни заболувања во овој период од годината.
-фебрилност (зголемена телесна температура и треска), еден од првите и најчести симптоми со варијации од субфебрилност (нешто над 37С) до високи температури над 38,5С
-замор, малаксалост, главоболка и болка во мускулите се неспецифични знаци карактеристични и кај многу други инфективни заболувања.
Со оглед на тоа дека плуќата т.е дишните органи се цел на нападот и инавазијата на вирусот, следат,
-Јака болка во грлото
-кашлица, начесто сува, надразителна која покасно предизвикува и болка при кашлањето.
-кај половина од пациентите се појавува и диспнеа (недостаток, глад за воздух), а
околу 60% од пациентите имале и лимфопенија (ниска концентрација на лимфоцити).
-хемоптиза (искашлување на крв) и дијареа можат но не мора да се појават.
-Кај 80% од заболените, болеста поминува со лесна клиничка слика: температура, кашлица, без бронхопневмонија или со лесно воспаление на плуќата, со комплетно опоравување на заболениот.
-Кај 14% од пациентите болеста се манифестирала со тешка масивна пневмонија, диспнеа, болки во градите и промени во снимките на градниот кош.
-Кај 6% од заболените, Како последица на инфекцијата може да се појават и компликации какошто се акутен респираторен дистрес синдром (анг. acute respiratory distress syndrome, ARDS), RNAaemia (слично на viraemia – позитивен PCR наод во плазма), акутен инфаркт, како и секундарни инфекции, што многу често доведува до летален исход, напиша д-р Тони Коњановски, од Центарот за јавно здравје во Битола