2win800x200

Негувателка од Домот за стари лица во Битола, меѓу заболените од КОВИД-19

Април 23, 2020

Една врабтена од медицинскиот персонал во Домот за стари лица Сју Рајдер во Битола е позитивна на КОВИД-19, покажало тестирањето кај неа направено минатата недела, потврди за апла.мк диркторката на оваа установа Јулијана Котевска. 

Таа била во домашна самоизолација со решние на Центарот за јавно здравје од 4 април, а првиот тест по двоенделен карантин, покажал дека е позитивна, иако немала никави симптоми. Таа беше меѓу заболените од КОВИД-19 обајвени во здравствениот билтен на 18 април. 

Инаку, заболената негувателка, била во контакт со 85 годишниот штитеник кој беше првиот позитивен на КОВИД19 во Домот, по што 8 вработени од медицснкиот пероснал беа испратени во изолација. Сега покрај заразената негователката, во изолација остануваат уште 3 вработени, кај кои треба да се повтори тестирањето.

Исто така, во Домот за стари лица во Битола беа земни брисови и на 20 корисници кои престојуваат во собите на истиот спрат со заболенито, но сите беа негативни на КОВИД 19.

Пациентот беше примен во домот на 18 март, но, по неколку дена покажал симптоми на вирусот, а откако се потврди дека е заразен тој на почетокот на април беше хоспитализран на Инфективното одделение во Битолската болница и по два негативни тестови денеска се праќа на домашно лекување, информираше за апла директорката на Домот за стари лица во Битола, Јулијана Котевска.

Таа додаде дека засега нема ниту посети ниту прием на нови корисници во Домот за Стари лица во Битола, каде и натаму се преземаат мерки за заштита на корисниците и вработените и се врши дезинфекција според утврдени протоколи. 

Инаку денеска нема регистрирани новозаболени во Битола.

Заклучно со 23.04.2020 година, во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување (брисеви) од вкупно 264 лица за COVID-19.

Кај 216 лица се земени по епидемиолошки индикации (лица кои што ја исполнуваат дефиницијата на случај, здравствени работници на кои им истекува здравствениот надзор за КОВИД-19 и др.), а кај 48 лица материјалите се со упатување од Матичен лекар преку системот Мој термин.


Од вкупниот број на земени брисеви, 212 се за лица со место на живеење во Битола, 37 од Кичево, Ресен и Демир Хисар, и 15 од други градови.


Позитивни резултати за КОВИД-19 се добиени за 21 лица и тоа 17 од Битола, 1 од Демир Хисар, 3 од Кичево.

Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, едно лице е хоспитализирано на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола и едно лице во болницата ‘’8 ми септември’’ во Скопје. Од вкупниот број на потврдени случаи, 9 лица се здравствени работници.

Вкупно 5 лица по добиени два негативни теста  се регистрирани како оздравени ( 4 од домашно лекување и 1 хоспитализиран пациент). Од оздравените лица, два се здравствени работници, 
Вкупно 200 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја, информират од Центарот за јавно здравје во Битола

Е.М

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани