2win800x200

На 27 април „Кромберг и Шуберт“ почнува со работа во една смена, делумно

Април 23, 2020

 

На 27 април, понеделник, фабриката „Кромберт и Шуберт“-Битола почнува со работа во една смена, делумно, потврдија за Апла.мк од фабриката од одделот за човечки ресурси. 

-Почнува со работа во една смена, делумно, за една до две недели значи на 4 или на 11 мај ќе биде вклучена и втора смена, со цел до крајот на мај да поченеме со стопроцентно производство. Секако ова зависи од нашите проекти   до Ауди и Мерцедес, велат од фабриката.   

Во меѓувреме, разговарано е со сите работници и преземени се сите мерки за превентивна заштита од коравирусот.

-Бремените и работениците над 60 години ќе останат дома како и лицата со хронични заболувања, како и астматичари  и слично, се до надминување на оваа состојба. Со вработените направивме епидемиолошки анкети, со цел да се предвидат некои ситуациии. На работниците им се организира целокупниот процес од влегување во автобус , па се до работните места каде ќе мора да се почитува дистанцата и секако набавивме за сите работници заштитни маски, потврдуваа од „Кромберт и Шуберт“ за Апла.мк.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани