2win800x200

Полицијата со препораки за безбедно прославување на претстојните празници

Декември 26, 2017

За безбедно прославување на Новогодишните и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола, ви препорачува да ги почитувате следните совети:

 

НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ ВО ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ-АЛКОХОЛОТ Е ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

Но доколку планирате да конзумирате алкохол-немојте да управувате со моторно возило-користете такси превоз или предадете ги клучевите од моторното возило на Ваш близок кој не конзумира алкохол

ДА НЕ НАБАВУВАТЕ И КОРИСТИТЕ ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА НА ЈАВНИ И ДРУГИ МЕСТА 

Со користењето на истите, претставувате голема опасност за самите себе и за останатите кои се во зоната на дејство на пиротехничките средства (петарди, светлечки проектили, огномети и слично).

Ангажирајте лиценцирана фирма која што поседува лица обучени за нивна употреба.

 

ДА НЕ КОРИСТИТЕ ОГНЕНО ОРУЖЈЕ, ГАСНИ ПИШТОЛИ 

Со користењето на истото, претставувате голема опасност за самите себе и за останатите кои се во Ваша близина.

 

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД КРАЖБИ 

Задолжително, пред напуштање на домот, обезбедете го Вашиот дом и  Вашите скапоцени предмети. Не чувајте пари, накит и други вредни работи во Вашиот дом.

Внимавајте на Вашето моторно возило-не оставајте вредни предмети на видливо место и  не го оставајте отклучено со клучот на брава.

Ве советуваме внимателно користење на социјалните мрежи како и објавувањето на слики, места и слично, со што им укажувате на останатите дека моментално не сте дома и станувате лесен плен за кражба.

 

ЗАШТИТЕТЕ СЕ ОД ПОЖАР 

Пред напуштање на Вашиот дом, проверете ги куќните апарати, лампи, свеќи и останати апарати или предмети кои можат да предизвикаат пожар.

 

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ДОКОЛКУ ПРОСЛАВУВАТЕ НА ЈАВНО МЕСТО 

Доколку во средината во која прославувате, забележите лице или група на лица кај кои е можно нивното прославување да излези од контрола, оддалечете се и пријавете кај најблискиот полициски службеник или на 192.

А доколку прославувате во угостителски објект, пријавете го на сопственикот или на обезбедувањето на објектот.

 

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ДОКОЛКУ ПРОСЛАВУВАТЕ НА ЈАВНО МЕСТО ДРУГА ДРЖАВА 

Никогаш да не се движите сами-секогаш во група, затоа што на тој начин се заштитувате сите меѓусебно.

Одржувајте чести контакти со Вашите најблиски во точно договорено време. Задолжително, пред заминување, обезбедете телефонски број и дополнителни информации за најблиското претставништво (амбасада, конзулат).

Доколку одлучите совесно да ја искористите Вашата граѓанска должност и пријавите на 192, кривично или прекршочно дело, тогаш несебично помагате во спречувањето на криминалот а со тоа помагате и во безбедно прославување на претстојните празници.

Секторот за внатрешни работи Битола, Ви ги честита Новогодишните и Божиќните празници.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани