Во црквите се врши опевање на мртвите, но со мерки за ред (фото)

Јуни 05, 2020

Во црквите во Битола денес се вршеше опевање на мртвите, но беа спроведени и мерки за ред и заптита.

Во храмот ,,Св.Димитрија" немаше метеж. Беше поставено лице за редар кој ги упатуваше верниците на која масичка да си ги постават работите за опевањето. Во црквата беа поставени повеќе маси, па се спроведуваше ред верниците да бидат на растојание од метар и половина до два. Имаше повеќе свештеници и немаше долго чекање за обредот. 

Верниците беа со маски, а некои ги туркаа само за да целиваат некоја икона. Други пак оставаа пари и се прекрстуваа. Ред имаше и при палењето на свеќите зашто и самите верници внимаваа да се на одредена дистанца. crkva

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани