2win800x200

Почна изградбата на мултифункционален објект во Могила

Јуни 09, 2020

И покрај пандемијата која го зафати целиот свет со корона вирусот, градежните активности во Општина Могила се одвиваат непречено почитувајќи ги сите препораки и протоколи од здравствените власти.
Општина Могила оваа градежна сезона работи на капитални проекти кои се од особено значење за граѓаните. По завршувањето на градежните активности за изградба на Мултифункционален објект во село Ивањевци, започнавме со изградба на ист таков мултифункционален објект и во населеното место Могила, соопшти градоначалничката Јасмина Гулевска. 

„Овој проект е по долгогодишно барење на сите жители на селото, а за кои досегашните градоначалници воопшто немаа слух да го реконструираат истиот. Уште од самиот почеток на мојот мандат, се заложив и ветив дека ќе изградиме нов и современ мултифункционален објект во Могила и еве веќе се започнати градежните активности за овој објект. Во рамките на овој објект ќе има мултифункционална сала за изложба и поставување на паноа, скулптури итн. Простор опремен за склопување бракови. Библиотека, канцеларија на матична служба и 2 простории за работа на невладиниот сектор.Вкупната сума за изградба на овој објект е 9.951.425 денари, финансиски средства обезбедени од Светска банка. Село Могила заслужува да има ваков репрезентативен и мултифункционален објект кој ќе биде во интерес на сите жители на селото и на сите граѓани на општината за локален културен развој на општината“, изјави Гулевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани