2win800x200

Ние работиме, не се криеме по кафулиња-му порача Гулевска на Мицкоски

Јуни 05, 2020

 

Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска, со мајтап  го „подбра“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски алудирајќи  на неговата „авантура“ од пред некој ден  со  расторанот во Скопје. Гулевска објавувајќи фотографија како напорно работи во својот пластеник со раноградинарски култури  порача - Зеленчукот напредува. 
Ние не се криеме во затворениот дел од кафулињата, ние работиме!

Инаку семејството на градоначалничката Гулевска обработува околу 7 хектари земја во плодната Пелагонија, а нејзината мајка е управител на сточарска фарма и одгледува преку 30 крави. Гулевска и покрај работните обврски и ангажманите како градоначалник постојано му  помага  на семејството и напорно работи на пластениците со раноградинарски култури. 

Гулевска32

 смин76

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани