2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Уписи за средно по азбучен ред и со почитување на протоколите

Јуни 16, 2020

Уписите во средните училишта во Битола се спроведуваат во најдобар ред со почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19 и по објавениот азбучен ред. Спсиоците со редослед по азвучен ред и термините за упис истакнати се на влезните врати од училиштата, како и на фејсбук страниците на школите, па при усписите годинава нема турканици.

Во седумте средни училишта во Битола има место за упис на 1895 ученици во прва година, а завршени основци во Битола се 751. Бројката на ученици бележи пад со години нанзаад, но во средните училишта има повеќе места и затоа што во Битола се запишуваат и ученици од околните општини Ресен, Новаци, Могила, Демир Хисар, а во Средното медицинско училиште дури и од Кавадарци.

 

За да не се создава метеж во училиштата при уписите на ученици во прва година, уписните рокови се продолжени за неколку дена, од денес до петок (16,17,18 и 19 јуни), а при подигањето на свидетелствата од основните училишта, на учениците им се даваат и пријави за во средно.  

„Уписите на учениците се намерно продолжени во повеќе денови. Пратени се насоки во училиштата, посебно во оние каде бројот на ученици во изминатите години бил поголем од бројот предвиден во конкурсите, тие уписи да траат наместо два четири дена. Резултатите за учениците кои се запишуваат во средните училишта во прва година ќе бидат истакнати после 15 часот во петок за сите средни училишта. Училиштата имаа задача да подготват по азбучен ред по презимињата на учениците списоци на вратите од училиштата, а медиумите да помогнат на локално ниво со објавување за да не се создава метеж во еден ден пред училиштата. Сите четири дена од уписите подеднакво е правото на ученикот да конкурирта. Дали ќе ги достави документите првиот или последниот ден рангирањето ќе се споведува дури во петок по завршување на уписите“, рече заменик министерката за образование Елизабета Наумовска. 

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска упати апел учениците пријавите да ги пополнат во нивните домови за да не се создава метеж на местата каде ги доставуваат во средните училишта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани