2win800x200

Револт кај битолските сопственици на продавници за текстил и чевли од македонско производство-селективно се стимулира потрошувачката на домашни производи

Јуни 23, 2020

Сопствениците на продавници за облека, текстил и чевли од македонско производство од Битола, денес се обратија до  редакцијата на Апла.мк  револтирани со реакција до владата зошто тие не се ставени на листата на дејности во кои може да се користат домашните платежни картички. Иако во нив најголем дел од асортиманот го сочинуваат производи кои според Службен весник влегуваат во "македонски производи", нив ги нема во уредбата на владата во која се наведени местата во кои може да се користат средствата од картичките "Купувам домашно". Прашуваат зошто со уредбата од Службен весник дозволено е плаќање "на тезги и пазари со текстил, облека и обувки" а истото е оневозможено во продавници. Дали треба и тие да извадат тезги пред продавниците и на нив да ги нудат своите производи за да бидат исполнети владините услови? Дали на ваков селективен начин власта ќе ја стимулира потрошувачката на македонски производи? Во отежнати услови за работа, кога во овие дејности се бележи значително опаѓање на остварениот промет, на секојдневните прашања и заинтересираност на иматели на домашни картички околу купување на домашни производи, за жал мора негативно да се одговори.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани