Webp.net gifmaker

Денес тројца новозаболени и двајца оздравени во Битола

Јули 03, 2020

Тројца новозаболени се регистрирани во последните 24 часа во Битола, со што вкупниот број на заразени од КОВИД-19 е 55. Во здравствениот билтен има и двајца оздравени битолчани

Во Ресен има 5 позитивни лица и 11 оздравени

Во последните 24 часа во земјава направени се 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19

 
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. 
 
 
Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани  од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани