АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во планот за чист воздух на Министерството за животна средина за 2020 г предвидени се 1,5 милиони денари за енергетски ефикасна фасада и покрив на објектот со кабинети во Медицинско училиште.
Во посета на училиштето денес беше заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој рече дека без разлика на ребалснсот на буџет кој ги допре сите сектори, планот за чист воздух остана непроменет
Градоначалничката Наташа Петровска ја посочи состојбата со која се соочиле при доаѓањето на власт на оваа локална самоуправа, како и актуелните вложувања во оваа образовна установа.
-Ова училиште имаше долгови од над 36 милиони денари, но ние успеавме да ги вратиме сите наследени долгови, да го деблокираме училиште, да вложиме 300.000 денари општински средства за инфраструктурни зафати во училиштето, на што дополнително доаѓаа средствата одјавните претпријатија со нивните активности, како поддршка во изведбата. Посебно сакам да ја нагласам успешноста на менаџерскиот тим на училиштето, кои успеаа во сите овие околности да обезбедат донации кои дополнително допринесоа ова училиште да добие многу поинаков амбиент од оној кој го наследивме. За нас како општина значајна е поддршката од централната власт, во овој случај од МЖСП кое помогна за образовни институции, но и за решавање на други еколошки проблеми“, рече Петровска.
Со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање освен во средното медицинско училиште, во образовните институции се реализирани еко проекти и во средното училиште „Таки Даскало“, основното училиште „Кирил и Методиј“, „Александар Турунџев“ и градинката „Мајски цвет“.