АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
БИТОЛА – Ниту нашинци од дијаспората, ниту странци нема да зачекорат на планинскиот убавец Пелистер годинава поради ситуацијата со корона кризата. Сите странски туристи одамна ги откажале аранжманите во туристичките капацитети на Пелистер, па сега менаџерите прават стратегија како да ги привлечат домашните туристи, кои исто така заради кризата немаат можност да патуваат на море или планина, во соседните земји или на други туристички дестинации.
Ако досега годишно Пелистер го посетуваа и до 35 илјади посетители, вклучувајќи ги и еднодневните посети на битолчани, сега таа бројка е драматично намалена. Последиците од драстичното намалување на обемот на работа, откажани резервации на странски посети и организирани групи бележи и најголемиот хотелски капацитет „Молика“ на Пелистер.
Битолчани, планинари, рекреативци и вљубеници во природата на Пелистер, пак секој слободен момент и за време на карантинот и сега го користат за искачување на врвот Пелистер, на Антена, на Големо и Мало Езеро, Камењарот, Болници, Орлови Бари, а речиси секојдневни се прошетките до Јоргов Камен и Копанки.
„Карантинот нѐ врза дома, ама откако попуштија мерките почнавме со пешачење до Неолица, Големо Езеро, Видиковец, низ патеките на Пелистер. Речиси секоја недела сме на Пелистер. Баба Планина е предизвик секогаш од ново, изобилува со живописна природа, со вода и воопшто не е тешка за искачување. Има патеки и за рекреативно и за професионално планинарење“, вели Павлина Василевска, планинар од Битола.
Туристичките посети на Пелистер од нашинци од дијаспората и странски туристи позитивно влијаеше врз економијата на градот во изминатите години, а сега нивното отсуство е повеќе од забележително.
„Сто проценти сѐ е откажано од страна на нашинците и странските туристи. Се надеваме доколку од 1 август се отворат границите под специјален режим туристите ќе се вратат и на Пелистер и во Пелагонија, и ќе продолжиме со еднодневни тури“, вели Петар Нолев, планинарски водич.
Целиот текст прочитајте го на https://nezavisen.mk/gi-snema-strancite-na-pelister-godinava-samo-domashni-gosti/?fbclid=IwAR001URJGrMPQGkmMlSe3_G_V2IstWgGRkgRX8jtTWli7k6PR03qKvBVaPk