2win800x200

Расте бројот на оздравени во државата, а опаѓа бројот на починати од КОВИД-19

Јули 14, 2020

 

Значително зголемување на бројот на оздравени лица, а намалување на бројот на починати споредено со претходната недела, соопшти Министерството за здравство, според Институтот за јавно здравје и објавениот неделен извештај за периодот од 6 до 12 јули.

Во периодот од 6 до 12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица – 1.017  кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40 отсто повеќе од претходната недела на известување (29 јуни – 5 јули).

Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40 отсто на неделно ниво, што е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи.

Во периодот од 6 до 12 јули, регистрирани се 36 смртни случаи, што е 10 помалку смртни случаи од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 69,4 отсто. Триесет и пет од случаите се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Кај 29 од смртните случаи (80,6 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети. Во последните три недели константно се намалува бројот на смртни исходи на Ковид-19.

На 12 јули, според извештаите од ГОБ „8 Септември“, болницата во Козле, клиничките болници во Битола и Штип, општите болници во Прилеп, Куманово, Велес, Струмица и Гостивар, хоспитализирани биле 350 лица позитивни на Ковид-19, од кои 118 се на кислородна поддршка, а четворица на механичка вентилација, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани