2win800x200

Денеска дури 11 новозаболени од ковид во Битола

Јули 15, 2020

 За првпат од почетокот на корона кризата за едно деноноќие Битола регистрира дури 11 новозаболени од КОВИД-19. Со ова бројката на заразени од вирусот се искачи   на 84 заболени во градот.  Во моментов болеста е активна кај   40 лица. Денеска е регистриран и еден оздравен.  

 

Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19.

- Скопје 83
- Куманово 12
- Дебар 1
- Штип 21
- Прилеп 2
- Тетово 9
- Струга 3
- Велес 2
- Битола 11
- Охрид 3
- Гостивар 10
- Радовиш 7
- Кочани 1
- Пробиштип 2
- Демир Хисар 3
- Свети Николе 27
- Кичево 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
- Скопје 71
- Штип 7
- Тетово 12
- Велес 1
- Битола 1
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Кичево 1
- Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани