АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Редица дрвја денеска се исечени во поранешната Касарна во Битола за изградба на нова зграда, реагираат читатели на Апла.мк. Нема спас за заштита на зелениот појас во Касарната во Битола велат битолчани откако токму на денот на гласање и во неработен ден се исечени четири до пет јасени, стари повеќе од три децении. Неофицијално теренот се чисти за изградба на нова станбена зграда. Досега за изградба на новата населба се исечени можеби околу 1 хектар површина насадена со дрвја кои своевремено беа под заштита на АРМ и важеа за бели дробови на Битола.
-Кога веќе просторот го чистат за нови згради, зошто таму каде што треба на инвеститорите на колективни згради не им се наложува да посада нови и да го оплеменат просторот, велат битолчани жители на сегашната нова населба Златен рид.
Во населбата досега се изградени само станбени згради, а не е изградено ниту едно игралиште или пак парк за деца и младинци, каде што би можело во вечерните часови младите да се рекреираат.