2win800x200

Двајца новозаболени и 7 оздравени од коронавирусот во Битола

Јули 23, 2020

Денеска се регистрирани двајца новозаболени во Битола со што бројката на заразени од КОВИД-19 од почетокот на кризата се искачи на 98. Како оздравени денеска се евидентирани 7 пациенти од Битола.   

 

Во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 54
-Куманово 5
-Дебар 4
-Штип 18
-Прилеп 1
-Тетово 5
-Струга 6
-Битола 2
-Охрид 3
-Гостивар 16
-Крушево 1
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 2
-Кичево 4
-Ресен 1

Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:

-Скопје 23
-Дебар 1
-Штип 2
-Прилеп 6
-Тетово 15
-Битола 7
-Гостивар 6
-Кочани 2
-Пробиштип 2
-Кичево 5
-Ресен 5

Досега во земјата се направени вкупно 91015 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669, бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани