Webp.net gifmaker

Денешните заразени од КОВИД-19 се на возраст од 21 до 70 години

Јули 30, 2020

 

Од регистрираните 8 позитивни лица денеска во Битола, 4 на возраст од 61-70 години, 2 на возраст од 31-40 години и по еден во возрасните групи од 21-30 и 51-60 години. Од новорегистрираните лица, 6 даваат податок за контакт со друго позитивно лице и се поврзани во веќе постоечки кластери. Вкупниот број на активни случаи во Битола изнесува 67. Оздравени се 4 лица.

Во Демир Хисар денес се регистрирани 5 позитивни лица на возраст од 31, 46, 54, 58 и 73 години. Вкупниот број на активни случаи во Демир Хисар изнесува 29. Денес е регистрирано и едно оздравено лице.

Во Ресен денес има еден регистриран случај на возраст од 64 години, а регистрирани се 3 оздравени лица. Вкупниот број на активни случаи во Ресен изнесува 30.

Во Кичево денес има регистрирано 8 позитивни лица. Вкупниот број на активни случаи во Кичево изнесува 83.
Денес се регистрирани 4 оздравени лица, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани