2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ФОРМИРАНА Е СЕДМАТА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА

Август 22, 2020

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

22 АВГУСТ 1944

Во село Зборско, Мегленско, Егејскиот дел на Макекдонија е формирана СЕДМА МАКЕДОНСКА (БИТОЛСКА) НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНА БРИГАДА, воена единица на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Формирана од битолскиот партизански баталјон "Стив Наумов" од составот на Втората македонска бригада и новопристигнати борци од Битолско. По формирањето премина во Битолско, каде што ги напаѓаше позициите на бугарските сили на просторот Ресен-Битола, како и граничните караули на планината Кајмакчелан од 24 до 28 август 1944 г. и во Преспа од 5 до 7 септември 1944 г. По капитулацијата на Бугарија, дејствуваше во рамки на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВ на Југославија. Во наредниот период водеше непрекинати борби против германските сили на комуникацијата Ресен-Битола, а учествуваше во ослободувањето на населените места во Преспанско и Битолско. Победоносно влезе во Битола на 4 ноември 1944 г. Учествуваше во ослободувањето на Кичево и Зајас од 15 до 18 ноември 1944 г. По реорганизацијата на единиците на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во декември 1944 г., стана дел од Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ со кого учествуваше во пробивот на Сремскиот фронт и ослободувањето на повеќе места во Хрватска и Словенија.

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани