АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На покана на делегација од .Албанија,членки на Оргнизација на жени на Општина Битола остварија средба,со предлог за збратимување на двата града Битола и Поградец,како и друга билатерална соработка за женско претприемништво.
„Бевме гостинки во Општина Поградец каде срдечно не' пречекаа Флутура Шабија,претседател на Советот, Шпреса Блацери,советник во Општина Поградец и заменик градоначалничката на Општина Поградец. Ентела. Како прекрасни домаќинки на оваа средба,жените од Поградец не' почестија со една прошетка до селото Лин,сместено на мал полуостров на Охридското Езеро. Тука се откриени пронајдоци од византиска црква (во која бил крстен Јустинијан),која претставува културен споменик и има мозаик сличен на Хераклеа. Попатно ја посетивме и цркавата Света Богородица
После ова следуваше мала разгледница на Поградец,а пред поаѓање за Битола,домаќинките не' почестија со прекрасен ручек со желба за повторна средба кај нас во Битола“, соопштија од Организација на жена од Битола