Првата трактористка, фармацевтка, учителка, лекарка...-Изложба за 20 заслужни битолчанки кои не се меѓу нас

Март 04, 2021

По повод престојниот Ден на жената, Организацијата на жени од Битола ја постави изложбата „Битолчанки низ фотографии“ истакнувајќи го придонесот што за градот го дале дваесет истакнати жени борци, создавачи, истражувачи, професори, лекари, кои биле први во нивните професии, а денес не се меѓу нас. Изложбата е отворена во фоајето на Центарот за култура.

Денес пренесуваме информација за десет од познатите битолчанки, а утре за останатите десет.

-Донка Петровска (1924-2000), родена во село Барешани, живееше и почина во Битола. Беше позната како пејачка на народни песни, настапуваше во живо во емисии во Радио Битола во придружба на музичари од тоа време, со Кочани, Ипче и други. Прва ја промовираше песната за Ѓорги Сугарев.

-Поставена е и фотографија на битолчанката која била мис на Македонија во 1915 година, а дел од изложбата се и народни песни во кои се воспева убавината на битолчанките како „Убава Патрина“ и „Мара Баирка“

-Милица Павловска, прва жена тракторист во Македонија, а според некои кажувања и во поранешна Југославија. Нејзиниот татко имал транспортна компанија. Таа во 1945 го положила тракторскиот курс и управувајќи со трактор орала ниви. Подоцна положила да вози и автобус и била прва жена возач на автобус во Битола и Ресен.

-Кристи Бомбол (1957-2015), универзитетски професор на Факултетот за технички науки во Битола. Имаше обемна кариера од областа на науката за транспорт и сообраќајно инженерство, имаше објавено голем број научни трудови, освоено многу награди и признанија од нејзината област.

-Вера Нича- Пренда (1925-2010) работеше како педијатар во Детското одделение во Битола каде даде огромен стручен придонес за формирање и осовременување на детската служба и Одделот за неонатологија, како и за едукација на бројни генерации млади педијатри и здравствени работници од сите профили. Го издаде прирачникот за правилна нега и исхрана на новороднечниња и доенчиња, учествуваше на бројни семинари, симпозиуми , конгреси и друго.

-Рајна Алексова(1882-1959) првата жена фармацевт во Македонија. Работела во фамилијарната аптека сместена на Широк Сокак во Битола се до пензионирањето во 1944 година.

-Станислава Караиванова (1857- 1926) била од Сопопт, во 1872 година станала правата учителка во Битола. Заедно со нејзината мајка учествувала во везењето на знамето на четата на Димитар Беровски, организаторот на Разловечкото востание.

-Фанула Папазоглу (1917-2001) –една од позначајните археолози кај нас со меѓународна афирмација. Член на МАНУ , со голем број објавени научни трудови, посебно посветени на античката историја на Македонија.

-Љубица Додовска на 19 години се вклучила во НОБ како соработник на Тошо Даскало. Прва извезла петокрака на својот фустан во тоа време. Цело семејство ѝ било вклучено во борбата за слобода и сите се носители на партизанска споменица. По завршувањето на војната водела шивачка задруга во Битола.

-Коца Василева (1924-1974), потекува од село Брезово, Демир Хисар. На 17 години активно се вклучила во НОБ и дала свој придонес во ослободувањето, а потоа извешувала разни политички функции на локално и федерално ниво , како пратеник на Сојузното собрание на СФРЈ и оттаму нејзината задача да биде одговорно за пречекот на Тито во Битола. Работела и како социјален работник и директор на Домот на деца без родители. По нејзина заложба се изградија и  повоени граднки во градот и руралните средини со цел едукација и социјализација на децата од претшколска возраст. Нејзиното име го носи и една од градинките во Битола.156752689 2875872905959576 5172789667530628990 n

Петковска: Да има улици во градот со имињата на овие заслужни битолчанки!

Претседателката на Организација на жени, Светлана Петковска, денес рече дека сакаат со изложбата да го одбележат успехот на дваесетина жени кои направиле многу за Битола, а не се повеќе живи.

„Од сите 20 што го издвоивме, по ниедна не е именувана улица во градот, само 20 проценти од улиците во Битола се со женски имиња. Треба некои од улиците да ги носат имињата на овие великанки. Зошто да немаме улица Кристи Бомбол или Донка или Анча Ристевска која ја направи Организацијата на жени пред 76 години“, вели Петковска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани