АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОУ „Коле Канински“-Битола се вклучи во проектот Инклузија на деца со посебни образовни потреби, со што директно дава поддршка на децата со посебни образовани потреби. Обуките се во организација на Здржението за асистивна технологија - Отворете ги прозорците, а Денес и утре во нив учествуваат стручните соработници и наставниците од одделенска настава и предметна настава.
-Нашето училиште континуирано аплицира на проекти за поквалитетен воспитно образовен процес, вклучувајќи ги и проектите за поквалитетно инклузивно образование. Нашите цели се поддршка на учениците со посебни образовни потреби, учениците со потешкотии во учењето и учениците од ранливите групи, особено во овој тежок период на пандемија од COVID 19. Од мај 2020 година нашето училиште е вклучено во Проектот-Инклузија на деца со посебни образовни потреби, во организација на Здржението за асистивна технологија - Отворете ги прозорците. Обуката што овие два дена се реализира во нашето училиште е од големо значење за стручните соработници и наставниците од одделенска настава и предметна настава. Со ова обука и другите активности од овој проект, ние добиваме стручна поддршка за работа со ученици со посебни образовни потреби, применувајќи ја асистивната технологија според потребите и можностите на учениците. Обуката - Примена на асистивната технологија во инклузивното образование, ја проследија осум одделенски наставници, десет предметни наставници, педагогот и психологот на училиштето, изјави д-р Аница Златевска, психолог и координатор на училишниот инклузивен тим – УИТ во ОУ„Коле Канински“- Битола.
.