Webp.net gifmaker

Режисерот Столе Попов доаѓа во сабота на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

Септември 16, 2020

Годинава УО на ДФРМ донесе одлука дека ИФФК „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан со еден централен настан во Битола, што ќе се одржи на 19-ти септември 2020 во Пациото на Музејот на Битола. Основен мотив за оваа одлука е зачувувањето на здравјето на нашата публика, гостите и филмските работници во непредвидливата ситуација со пандемијата и негативниот ефект што оваа состојба ни го наметнува во сите сегменти на нашиот социјален живот.

На овој настан ќе се обратат покоровителот на фестивалот, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот, и се надеваме и Министерката за култура, Ирена Стефоска. За време на овој настан ќе имаме и обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински преку видео врска, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Првиот програмски сервис на МТВ, и на ФБ профилот на фестивалот.

Влегувањето на гостите ќе се одвива од 17.45 часот до 18.30 часот кога и би почнал директниот пренос, кој ќе трае до 19.30 часот.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Видео обраќање до фестивалот очекуваме да има и новиот Претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум.

На овој настан нема да има повеќе од 80 гости, кои ќе треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за однесување на присуство на манифестација на отворено, донесени од Владата на Република Северна Македонија. Ќе бидат обезбедени маски, ракавици, средства за дезинфекција и ќе се почитува пропишаната дистанцата. Пред влегување на секој од гостите ќе му биде измерена температура и сите оние кои ќе имаат зголемена телесна температура (над 37 Ц) нема да може да присуствуваат на настанот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани