Од фамилијарен контакт и од познат кластер се денешните заболени од ковид-19 на возраст од 38 до 83 години

Септември 29, 2020

 

Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола потврдени се 10 нови случаи на COVID-19:
- 7 лица во Битола (на возраст од 38 до 83 години), од кои три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa (фамилијарен контакт), а едно лице е од веќе познат кластер. Останатите три лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со позитивно лице,
- 2 лица во Кичево (на возраст од 45 и 49 години) од кои едно лице дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт),
- 1 лице во Ресен (на воздраст од 40 години) кое не дава податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице.
Во Демир Хисар денес не се регистрирани нови позитивни случаи на COVID 19.
Денес согласно алгоритмот регистрирани се 3 оздравени лицe од Битола, 3 од Кичево и 1 лице од Ресен.
ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани