Webp.net gifmaker

Училиштата во Новаци подготвени за успешен старт на новата учебна година

Септември 30, 2020

Во централното ООУ „Славко Лумбарковски” во Новаци и подрачните основни училишта во општина Новаци, најголем дел од учениците од прво до петто одделение ќе следат настава со физичко присуство, додека пак во подрачното училиште во село Бач, настава со физичко присуство ќе следат и учениците од шесто до деветто одделение. Согласност за настава со физичко присуство за учениците од прво до петто одделение добија и подрачните училишта во селата Живојно, Далбеговци, Агларци, Добромири, Рибарци и Гермијан.

Со цел непречено одвивање на наставата Општината обезбеди дезинфекциски средства, бесконтактни топломери, заштитни маски и одбележени се движењата на учениците во училниците и влезовите во училишните згради, а Центарот за јавно здравје од Битола изврши целосна дезинфекција на сите училишни простории во сите училишта.

За време на реализацијата на наставата, треба да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и лична заштита, дезинфекција на просторијата/училницата пропишани од страна на Министерството за здравство.

„Првиот училишен ден ќе започне со упатства на учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете, заштита на сопственото здравје и заштита на здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето“, соопштија од Општина Новаци.

Од Таму додаваат дека училиштата ќе ја користат целокупната информатичка технологија, па целосно е подобрена интернет конекцијата за успешно и квалитетно пренесување на наставните содржини за што беше обучен наставниот кадар за тоа како се користи националната платформа за далечинско учење, а ќе бидат обезбедени и сите потребните материјали за непречено одвивање на наставата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани