2win800x200

Екстремно загаден воздухот кај Бадембалари

Ноември 01, 2020

Мерната станица во населбата Бадембалари регистрира екстремно високи вредности поради аерозагадувањето во тој дел на градот, соопштија од платформата,,Земи здив".

,,Објавуваме фотографии направени од околните жители кои изјавуваат дека ова е секојдневна слика, а посебно за време на викендите. Исто така, проблем за овие жители е недостапноста на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи како што изјавуваат никој не се јавува на дежурниот телефон 076/446-256 кој е јавно објавен од нивна страна. Се надеваме дека новото раководство на Инспекторатот ќе направи напори за зајакнување на врската помеѓу граѓаните и надлежните служби. Препорачуваме граѓаните од овој дел на градот да ги ограничат нивните движења на отворен простор се' до нормализирање на состојба", велат од Земи здив. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани