АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката на оваа установа Лидија Тфирст Митревска се носители на наградата „4 Ноември“ за едногодишно остварување. Митревска ова општинско признание го добива во годината кога се одбележува и 60 годишен јубилеј на оваа градинка. Во изминатиот период, огормен е нејзиниот придонес за подобрување на условите во сите клонови на оваа установа, нешто што во дел од објектите не беше направено со децении. Градинката која во 1960 година започнала со 13 бебиња, 9 вработени и 1 објект, денеска брои 911 деца, 113 вработени и 9 објекти. Покрај унапредување на воспитно -образовниот процес во градинките и реализација на бројни проекти, направен е голем исчекор во подобрување на условите и инфрастурктурни вложувања, со што голем број од објектите во оваа установа за згрижување деца, имаат целосно променет изглед.
-Чест и задоволство е, истовремено и гордост да се биде дел од тимот кој реди успеси, тимот кој наследил успеси и тимот на кој визија им е само успех. Достојни генерации на вистински просветители од кои сите ние сме учеле како да се биде човек, учител, просветител, секогаш да се биде добар и подобар, да се пренесе своето, но и да се издигне детското знаење, да се биде темел, белег, незаборав. Генерации кои несебично го предавале своето, а го вреднувале туѓото знаење, пишува Лидија Тфирст Митревска во монографијата посветена на 60 годишнината од формирањето на градинката „Естреја Овадија Мара“.