2win800x200

ВО БИТОЛА ОТКРИЕНА НАЈГОЛЕМАТА КОЛИЧИНА ГРАНАТИ ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА НА БАЛКАНОТ

Ноември 24, 2020

Бројот на гранати кои се откопуваат кај стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола руши рекорди. Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување велат ова е најголемата количина на неексплодирани убиствени средства пронајдени од Првата светска војна на Балканот.

Во втората акција на расчистување на теренот која трае веќе пет дена извадени се 5000 гранати со калибар од 75 милиметри. Во земјата се наѕираат уште толку, а се проценува дека подлабоко има плус 5000 гранати или вкупно во вториот дел од ацијата ќе бидат извадени 15 000 гранати, а можно е и повеќе. Во првата акција, пак во октомври беа пронајдени и отстранети 500 парчиња.

За да се исчисти теренот ќе мора да се руши и земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола.

„Тука не завршпуваат границите на локацијата, таа продолжува и под патот, најверојатно таа делница од патот од понеделник ќе треба да се затвори за да можеме да продолжиме со работата натаму. Патот мора да се сруши и да се спуштиме на нивото. Тоа е насип од 3 метри и ќе мора да се спуштиме до гранатите за да ги извадиме. И не знаеме до каде се границите на теренот кој содржи гранати“, вели Ефтим Митов, координатор на пиротехничарите во Македонија.BOMBI 2

Ова не се испалени гранати, туку војската при повлекување ги оставила и затрупала за да не ги најдат противниците. Среќа е што ги извадиле запалките зашто во спротивно не ќе можеа да се вадат, а нивно уништување на лице место ќе значеше огромна експлозија и големи материјални штети.

Бидејќи Битола има само еден пиротехничар, на помош доаѓаат пиротехничари од други градови. Вкупно на терен се четворица, а има илјадници бомби. .

„На терен работиме четворица пиротехничари, тројца ќе заминат да се одморат, ќе дојдат други тројца, но јас останувам до крај бидејќи ова е мој терен и сум одговорен. Напорно е, но мора да се заврши и да се исчисти теренот“, вели пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Битола.

Гранатите се транспортираат до складот во касарната. Од складот бомбите ќе се ништат следниот месец во Криволак. Поради големиот број ќе има над 100 транспорти со камиони, па ќе се бара помош од пиротехничари во МВР и АРМ. Дневно смее да се транспортираат по 1500 до 2000 парчиња, па уништувањето ќе трае неколку месеци.BOMBI 3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани