2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ЌЕ СЕ ДОДЕЛУВА ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2020 ГОДИНА

Декември 04, 2020

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

„Годинава пандемијатаковид-19 нè направи свесни за тоа колку сите сме меѓусебно поврзани и како последиците влијаат на сите нас, нè потсети колку е важна солидарноста, хуманоста, несебичноста и вклучувањето во акциите кои придонесуваат за подобрување на условите за живот во заедницата“, велат организаторите. 

Оваа година доделуваат ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2020 ГОДИНА на граѓанската иницијатива 3Д ПРИНТ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Зошто?

-       Поради иницијативата која ја започнаа во март 2020 година – изработка и донација на заштитни маски со визири, заштитна опрема од вирусот Ковид 19.

-       Затоа што оваа екипа ентузијасти покажаа што значи хуманост, поддршка на тие кои имаат потреба во најтешките моменти, заштита на личното и грижа за сеопштото јавно здравје.

-       Затоа што обединија повеќе од 22.000 граѓани, институции, компании... од цела држава од кои околу 200 граѓани активно се вклучија во акцијата и до овој момент изработија и донираа повеќе од 47.000 визири ширум цела Северна Македонија.

-       Затоа што тие се хероите на ова време кое ни донесе сосема нови предизвици, тие искрено и волонтерски  ја нудат својата помош и поддршка на начин на којшто умеат да го прават тоа, со чисто срце без скриена агенда. Тие ја вратија вербата дека мала група на луѓе може да обедини цел мехнизам на граѓани и навистина да направи голема промена.

Овој гест дополнително не мотивира нас и сите останати волонтери да се потрудиме, да помогнеме колку што можеме. Секоја иницијатива кон подобрување на ситуацијата е од големо значење за медицинскиот персонал како и за луѓето кои се погодени од пандемијата“ – велат иницијаторите на волонтерската иницијатива 3Д ПРИНТ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА.

-Сите вклучени во оваа иницијатива и во многу други слични на оваа ги нарековме Волонтери за пример кои умеат да поттикнат и направат општествени промени. Волонтери кои нема да ги именуваме но ги гледаме секојдневно по улиците на сите градови ширум нашата држава.Ја истакнуваме оваа иницијатива за да оддадеме јавно признание и благодарност на сите овие луѓе, да поттикнеме нови вакви иницијативи, да се потсетиме дека и во нормални услови треба да помагаме на ист ваков начин, со ист ваков ентузијазам и со чисто срце, да си посакаме во наредната година услови за живот без пандемија и да не заборавиме „Заедно можеме преку волонтирање“,велат организаторите.мкц2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани