Патронен празник на Универзитетската библиотека во Битола

Декември 08, 2020

 

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ –Битола го одбележа патрониот празник и јубилејот 75. години постоење.

Овој 75 годишен јубилеј го одбележуваме во едно друго виртуелно окружување кое за нас библиотекарите претставува нов предизвик да останеме во врска со нашите читатели, истакна директорот на универзитетската библиотека, м-р Бојан Стефановски.

-Библиотеката отсекогаш била место на еден вид магија, простор каде што луѓето кои сакале нешто повеќе од секојдневието се впуштиле во интелектуални авантури. Како центар на интелектуалниот живот, без разлика дали станува збор за приватни или јавни библиотеки, тие неизбежно се поврзани со чувството на нешто мистично, способноста да се нурне во светот на книгите и со тоа да се пресели на другата страна на реалноста. Да се излезе во заедницата и сретне со читателот е императив на новото време, посочи Стефановски.

На изложбата „Нашите 75 години“, за читателите, членовите и соработници на Библиотеката поместени се монографски изданија за свети Климент Охридски, изданија отпечатени во изминатите 75 години и фотографии од вработени во таа национална установа.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани