Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67г), двајца од Куманово (62 и 58г), еден од Прилеп (78г), еден од Тетово (59г), еден од Струга (81г), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81г), еден од Охрид (69г), еден од Крушево (54г) и еден пациент од Неготино (60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.