Известување до жителите на Општина Битола за достава на барања за надомест на штета

Јануари 12, 2021

После силните врнежи од дожд и невремето кое ја зафати Битола на 09 и 10 јануари,  се повикуваат жителите кои претрпеле штета, да поднесат барање за надомест на штета на шалтерите во Општината

Во прилог на барањето потребно е да се достави: имотен лист/доказ за сопственост, копија од лична карта и број на трансакциска сметка.

Врз основа на доставените барања, комисија од Општина Битола, ќе врши проценка на штетите на терен.

Барањата можат да се доставуваат од вторник 12.01.2021 до 20.01.2021 од 09.00 до 15.00 часот.

Барање до комисија за проценка на штети

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани