2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ТРАНСПАРЕНТНОСТ- тоа е наша добра страна, реагира Општина Битола на пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Јануари 12, 2021

Општина Битола реагира на одржаната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, за  транспарентноста на Општината, а во прилог на оваа реакција испрати и табели и истражувања

 

„Кога се зборува за транспарентност, најдобро е да се говори преку статистики и бројки, за кои некој истражувал и собирал информации. Дали јавноста е навремено информирана и тоа некој го истражувал и го документирал. Како потврда на транспарентноста на Општина Битола, ги доставуваме следните табели, кои се однесуваат на 2018, 2019 и 2020 година. Во првите две назначени години, Општина Битола е рангирана на прво место во државата, од спроведеното истражување за проценка на активната транспарентност на институциите. Во истражувањето спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации, во рамките на Цивика Мобилитас, опфатени се сите општини државата и градот Скопје, како и сите министерства и Владата на РМ. Процентот на транспарентност е задржан и во 2020 година, а се работи на подобрување на рангирањето,“ наведуваат од Општина Битола.

вкупно рангирање

Индекс 2018

 

индекс2019

Индекс 2019

 

индеск2020

Индекс 2020

„Штетите од поплавите од јули минатата година не се исплатени за никого, а најмалку за комисијата за штети. По комплетирањето на документите кај сите пријавени, исплатата ќе биде спроведена.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ, тоа е наша добра страна; се наведува во реакцијата на Општина Битола

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани