2win800x200

До четврток врнежливо, од петок пад на температурите под нулата

Февруари 07, 2021

 

Времето утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни, а ќе има и услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Попладне во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, во вторник и четврток на места пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од петок ќе дува засилен северен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

 

Извор: УХМР

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани