АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поради студен воздух од северот во следните денови времето ќе биде многу студено
ВРЕМЕТО УТРЕ: Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни попладне и во ноќните часови, особено во југозападните делови. До крајот на денот насекаде ќе се формира снежна покривка и понекаде во југозападните делови таа ќе изнесува над 20 сантиметри снег. На планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец најизразен во горниот тек на Повардарието.
Преку викендот и преку ноќта кон недела ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Во југозападните делови на пониските места таа ќе изнесува и над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Температурите ќе бидат под просекот за овој период и преку денот ќе останат негативни и само понекаде ќе достигнуваат некој степен над нулата. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.