2win800x200

Нискоградба со механизација вечерва на терен, исчистен е патот и за хотелот Молика

Февруари 13, 2021

 

Битолска Нискоградба  вечерва е на терен во расчистување на снежните наноси на коловозите и тротоарите низ градот. Од јавното претпријатие објавија мапа на својата Фејсбук страница каде се  чистата патиштата во моментов. Од таму велат дека во вечерашната акција на расчистување на снегот се вклучени  7 машини опремени со ножови и посипачи и 5 машини на подизведувачи кои активно ќе го расчистува снегот во текот на целата ноќ.

Во текот на денот расчистен е и патниот правец до Хотел Молика.

Екипи од јавното претпријатие денеска уште од раните утрински часови во соработка со општина Битола извршија нанесување на еколошко средство против мрзнење и наталожување на снегот долж Широк Сокак нешто што ќе стане пракса и во иднина како замена за сол и ризла на најубавата улица во градот и околу сите витални институции во градот. Механизација е на улиците низ целиот град каде се врши нанесување на сол и ризла како превенција за најавените обилни врнежи од снег, информираат од ЈКП Нискоградба Битола .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани