2win800x200

Во Општина Новаци интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите

Февруари 13, 2021

Интензивно се работи на расчистување на снегот од коловозите во Општина Новаци
 
Екипи на јавното комунално претпријатие „Комунална Хигиена” - Новаци работат на расчистување на улиците и тротоарите од снегот, кој денеска интензивно паѓа во Пелагонискиот регион.
Градоначалникот на oпштина Новаци, Љубе Кузманоски на терен е во постојана координација со дежурните екипи на ЈКП „Комунална Хигиена” - Новаци.
Во текот на денот исчистени се патните правци до повеќе населени места, а се работи на расчистување и на останатите. Дежурните екипи ги расчистуваат улиците во сите населени места во општина Новаци во текот на ноќта.
Општина Новаци упатува апел до сите граѓани, согласно Законот за јавна чистота, да вршат расчистување на снегот пред своите објекти и да не го фрлаат на коловозните ленти со цел непречено одвивање на сообраќајот. Со намера расчистувањето да се одвива непречено,граѓаните треба да ги отстранат своите возила од јавни површини, тротоари и улици.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани