АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Од 15.10ч на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за тешките моторни возила.
ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Од 16:46ч се воведува забрана за движење на тешки моторни возила на граничниот премин Ќафасан.За останатите видови на возила се препорачува задолжително носење на зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.
Од 10:00 часот поради врнежи од снег и ниски температури се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража.
Од 07:00 часот, поради врнежи од снег, на патниот правец крак Маврово – Дебар се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.
УПОТРЕБА НА ЗИМСКА ОПРЕМА: На патниот правец Тетово – Попова Шапка поради врнежи од снег и ниски температури на учесниците во сообраќајот им се препорачува задолжително да носат зимска опрема и по потреба истата спрема условите на патот да ја употребат.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција од страна на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна и појава на голомразица.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете ТУКА.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Извор: АМСМ