Миленичињата во Битола добија парк, а изработена е и урбанистичка документација за прифатилиште за кучиња

Март 05, 2021

 

Кучињата, домашни миленици во Битола добија парк, а изработена е и урбанистичка документација за прифатилиште за кучиња. Паркот е лоциран во долниот дел на Градскиот парк спроти Стадионот а е подигнат од страна на ЈКП Комуналец Битола во соработка со Општина Битола.

-Сведоци сме дека многу наши граѓани имаат свои домашни миленици, но во зависност од тоа  каков е нивниот простор за живеење немале можност да имаат еден вака организиран простор каде што ќе ги носат милениците. Со самата ограденост на просторот заштитени се останатите граѓани, бидејќи во овој простор кучињата можат слободно да се движат а да не за загрозени минувачите кои доаѓаат за други активности во паркот, реле градоначалничката Наташа Петровска. За ваков парк интерес покажале и битолчани од горниот дел од градот кај Новиот градски пазар. 

-Отворени сме за дополнителни сугестии и идеи  на граѓаните за кои што можат да дадат подобрени варијанти во интерес на сите нас, рече градоначалничката.

Во оградениот дел од паркот поставени се реквизити од природни материјали. А според директорот на ЈКП Коминалец Битола Панде Богоевски на двата влезе во паркот поставени се информативни табли како треба да се однесуваат посетителите, сопственици на домашни миленичиња. 

-Да се внимава на таблите поставени на влезовите зошто точно се напишани некои правила на однесување, бидејќи грижата треба да биде на сите нас. Се онаш што ќе остане од кучињата како отпад треба да се погрижат сопствениците да го фрлат на соодветно место во корпите предвидени за таа намена, з ада може и ние да го одржуваме паркот во добра кондиција, вели Богоевски .  

Во тек е изработка на локална планска урбанистичка документација  на локација кај полигонот за прифатилиште за  кучиња.

-Денеска ја имаме јавната расправа за давање на сугестии, со што с еотвора можноста да решиме еден горлив проблем кој постои години наназад и да имаме некое системско решение за оние кучиња скитници кои ги има за жал во огромен број и во нашата општина и во другите градови, рече Петровска.  

 
 
 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани