2win800x200

Секој кој повикува на бојкот за пописот не ѝ мисли добро на државата, рече Симовски

Март 24, 2021

Секој оној кој повикуа на бојкот на пописот не ѝ мисли добро ни на сопствената држава ,ни на сопствение граѓани, апсолутно мисли само лошо, изјави Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика на денешната он-лајн работилница со новинарите за процесот на попишување.

„Според законот има казни за некој што ќе одбие да даде податоци. Но, нашата намера не е да казнуваме, нашата намера со пописот не е да собереме пари од казна, туку да собереме податоци. Ова не го правиме за ниедна политичка опција, туку за граѓаните и државата. Ги повикувам сите да не наседнуваат на дневно политички цели на одредени политички субјекти зашто на есен има локални извори и сите политички партии се обидуваат да се наметнат со свои политики“, рече Симовски.

Бидејќи пописот се одвива во услови на пандемија, тој посочи дека попишувачите ќе бидат максимално заштитени со потребната опрема, со што нема да доведат во опасност никој од семејствата каде ќе бидат примени да попишуваат.

„Заштитната опрема е дистрибуирана по сите пописни комисии. Онаму каде што има услови, не е проблем да се направи попишувањето и надвор од објектот, ако е во двор , објектот нема да избега. Ние не сме катастар , ни УЈП па да нѐ интересира дали некои се диви објекти, дали за нив се плаќа данок, дали се легализирани, нас нѐ интересираат условите за домување. Дали е сопствен станот или живее во туѓ, површина, број на соби, тоалет, снабдување со вода, елементарни информации за квалитетот на домувањето. Нѐ интересира површината и доградбите, но никој нема да сноси последици од тоа, податоците се за статистички цели и никој во државата нема да ги добие на индивидуално ниво“, рече директорот.

Во семејства каде има заболени од ковид-19 или во изолација, ќе се стрпат неколку дена пред да ги попишат, доколу времето не го доволува тоа, ќе влезат комплетно облечени со заштитна опрема.

Во однос на самопопишувањето во странство, почна да расте бројката на попишани граѓани. Од вчера до денес се попишале околу 7000 лица или до осум часот утринава 137 114 Македонци.

 

-

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани