2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Здравствениот дом во Битола ги прави последните подготовки за утрешниот старт на вакцинацијата против КОВИД-19

Март 30, 2021

На еден пункт и со две екипи кои ќе работат во две смени ќе се одвива вакцинацијата во Битола против КОВИД-19 во оваа фаза од процесот. Здравствениот дом денеска ги завршува последните подготовки за утрешниот страт. Термините се веќе пополнети за неколку дена, а доколку се зголеми обемот на вакцинација и закажувањата преку „мој термин“ ќе бидат отворени и други пунктови во Битола.

-Во тек се крајните подготовки за од утре наутро да започне вакцинацијата на населението. Вакцинацијата ќе се изведува во амбулантата во училиштето „Даме Груев“, ќе работи во две смени, а во текот на еден ден ќе се изведуваат 100 вакцинации. Првите неколку дена термините се веќе пополнети. Оваа динамика е предвидена на почетокот, но колку што имам информации во наредниот период ќе се зголемува бројот на закажани термини, вели Весна Спирковска, директор на Здравствен дом „Др. Хаим Абраванел“ -Битола.

Доколку се зголеми бројот на граѓани кои ќе се вакцинации ќе се зголеми и бројот на пунктови, како и тимови што ќе го спроведуваат процесот, додава Спирковска.

-Почнуваме со едниот пункт, кои ќе работата во две смени, а ако има потреба ќе ги отвориме и пунктовите во ОУ „Тодор Ангелевски“ и во гиманзијата „Јосип Броз Тито“. Помежу здравствените институции во градот има одлична соработка, подготвени сме да извршиме комплетна имунизација на населението во Општина Битола. Попатно имаме голем број предизвици, но тука сме да ги решаваме сите проблеми, вели Спирковска.

Вакцините на Астра Зенека кои преку КОВАКС механизамот пристигнаа во неделата, веќе се дистирбуираат низ сите градови во државата во текто на денешниот ден

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани