2win800x200

Трајковски-Битола се соочува со силен епидемиски бран, заборавете на кафеаните

Април 03, 2021

 

Битола се соочува со силен епидемиски бран, затоа воздржете се од кафеани и кафулиња, порачува професорот Дејан Трајковски во најновата анализа за ковид состојбата во Битола.
 
-Се оствари моето стравување за Битола, изнесено после ноемврискиот пик, дека Битолчани мораат и понатаму многу да внимаваат, поради ниското ниво на колективен имунитет. Прилично добро се држевме и во овој бран, се до пред неколку дена. Додека во цела држава наближува врвот на бранот, а во некои градови веќе настапил, во Битола допрва се разгорува епидемијата.
Експоненцијалниот раст на дневните бројки на нови случаи дополнително забрзува (на вториот дијаграм), како да не сме стигнале ни до половина пат до врвот (на државно ниво искачивме најмалку 80% од патот и веќе се гледа врвот).
На третиот дијаграм забележуваме дека 14-дневната инциденца за Битола денеска се изедначи со државната и продолжува да искачува со уште побрзо темпо. Делумно тоа се должи на резултатите од тестирањата коишто започнаа да пристигнуваат од болницата „Плодност“, но тоа сепак не е пресудно - епидемијата сепак вистински се разгорува и без тие 60 теста дневно. Единствено засега можеме да бидеме релативно комотни според кумулативната инциденца од почетокот на епидемијата (на четвртиот дијаграм), но со ваков раст не би било необично дури и да ја достигнеме државната кумулативна инциденца, т.е. вкупниот број на случаи од почетокот на епидемијата, сметан на 100.000 жители, вели Трајковски.
 
Единствениот утешителен показател, според него  е двојно помалиот просечен дневен морталитет во Битола во пролетниот, споредено со есенскиот бран. 
 
-Крајно време е Битолчани конечно да сфатат дека сме среде многу силен епидемиски бран и да се воздржат од влегување во затворени кафулиња и кафеани, барем во следните дваесетина дена. Докторите и сестрите во болницата, колку и да се трудат, не можат толку да поправат колку што ќе расипат во кафеаните, порачува професорот Трајковски во анализата за Битола.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани