АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За здравствената состојба денес се караа локалното мнозинство и опозицијата во битолскиот Совет. Советникот од ВМРО-ДПМНЕ Иванчо Тошевски рече дека Битола ги живее едни од најцрните денови од своето постоење зашто во текот на изминатата недела имаше 555 нови случаи на ковид позитивни лица или неделен раст од 78,8 проценти во однос на претходната недела. Досега во Битола од вкупно 4881 регистрирани ковид случаи, само во изминатите три недели се регистрирани 1106. Тошевски побара да се одложат сите точки и да се разговара само за здравствената состојба и да се формира Фонд за лекување на пациенти кои не можат сами да си го платат лекувањето. Во меѓувреме дел од советниците бараат оставки од кризниот штаб.
Локалното мнозинство во Советот гласаше воздржано, а откако точката не беше донесена опозицијата ја напушти седницата.
Борче Корлевски, советник од СДСМ рече дека советниците треба да им служат на граѓаните, па се она што е во нивен интерес како предложена мерка, без разлика дали доаѓа од власта или од опозицијата , треба да се разгледа, но да се повикува на оставки и барање виновници, со тоа нема да се подобри состојбата.
Претседателот на Советот Валентин Груевски потсети дека Општината даде повеќе донации во борбата со ковид-19, и тоа, 20 000 евра за брзи тестови, 10.000 евра за поддршка на лабораторијата во Центарот за јавно здрвје, уште 10 000 евра доанција за кислородна поддршка во Битолската болница, Општината беше вклучена и во партерното уредување околу модуларната болница, а јавните претпријатија за подготовка на теренот за нејзина изградба.
Советничката Жаклина Наумовска пак рече дека вистинската причина за заминувањето на опозицијата се токму завршните сметки на јавните претпријатие кои покажуваат дека СДСМ и колалицијата сработија повеќе за нецели 4 години од нивните 12.
„Тоа е причината поради која не учествуваат на седницата и е причина за непотребно да прават уште еднаш драма и театар во вакво време невреме, што е најмалку потребно“, рече Наумовска.